Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познато е дека неверството е нешто што се почесто се случува во денешно време. Под влијание на тоа се почесто се изнесуваат проблемите по пат на медиумите. На тој начин се ослободуваат од притисок, а воедно добиваат и корисни совети од луѓето кои имале слични искуства.
Во морето разни исповеди, приказната на еден анонимен нмаж силно не заинтригира и во неа многумина веројатно ќе се пронајдат, пишува Мирор. А еве и за што се работи:
„Мојата сопруга и јас и нашите деца заминавме на одмор со мојот најдобар пријател и неговата сопруга кои имаат деца на иста возраст како моите“, ја започнува својата приказна, мажот кој сакаше да остане анонимен.
„Бевме сместени во вила во Шпанија и последниот ден одлучивме да го посетиме водениот парк. Во последен момент сопругата ми кажа дека се чувствува лоши и одлучи да остане во вилата.
Мојот најдобар пријател пак, беше спречен да тргне со нас, поради важен повик од работа.
Кога стигнавме сфатив дека сум ги заборавил влезниците за паркот за својата најмлада ќерка и наместо да платам нова, се вратив во вилата по таа. Кога пристигнав таму, слушнав бука од нашата спална соба и ја видов својата сопруга и мојот најдобар пријател во кревет заедно.
Се чувствував затечено и ужасно. Го познавам својот најдобар пријател веќе 30 години, а мојата сопруга и јас сме заедно повеќе од 10 години, а ова што ми го направија не би го посакал никому.
Кога се вратив назад во водениот парк, сето тоа што го видов го пренесов на неговата сопруга, која речиси се срушу пред своите деца и почна да плаче. Тоа е нешто поради што најмногу се каам, не требаше да и кажам.
Сите моравме заедно да се вратиме дома, и тоа беше најтешкиот ден во мојот живот. Сега кога сме конечно дома, мојата сопруга истакна дека се кае, и дека тоа се случило само двапати, што е најголема грешка.
Таа вели дека се чувствувала запоставено, со оглед на тоа дека јас многу работам, но тоа е нешто неизбежно за на своите деца да им овозможам убав живот.
Децата сепак се најважни. Не знам што да правам“, ја заврши својата исповед мажот кој се чувствува ужасно и кому му е потребна помош.