Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раперката Карди Би, на крајот од минатиот месец, се искачи на првото место од Billboard листатасо својот хит Bodak Yellow и стана првата раперка која со соло сингл стигна на врвот од 1998, кога во тоа успеа Лорин Хил со песната Doo Wop.
Е сега, манекенот Кевин Брофи ја тужи споменатата раперка поради фотографија на која завршил без негово знаење.
Имено, на насловната фотографија од компилацијата на раперката со наслов Gangsta Bitch Music, Vol. 1, Карди седи на задното седиште од лимузина и пие алкохол од шише, додека меѓу нејзините нозе се наоѓа споменатиот манекен кој симулира орален секс.
Брофи вели дека дознал оти тој се наоѓа на контроверзната фотографија од негов пријател кој го препознал по тетоважата на грбот и му рекол дека „е лудо што ја лиже таа раперка Карди Би“.
Најмногу му пречи, како што пренесува TMZ, што неговиот син го распрашува која е таа жена и што и прави тој неа.
„Ме искористи и мене и мојата тетоважа“, тврди Брофи.
Тој тврди дека не ја познава Карди и дека никогаш не го контактирале, ниту таа, ниту нејзните луѓе. Сега ги тужи и бара пет милиони долари обештетување.