Advertisements
Вебкафе

Ја тестираше брзината на симнување податоци на 5G мрежа – снимката стана вирална

Според најавите од операторите, комуникациската 5G мрежа би требало да овозможи масовно вмрежување на интернет, да ни ги трансформира животите и деловните односи меѓу луѓето, но и да стане темел за развој на паметни дигитални општества.

Иако комерцијалната употреба на светско ниво на 5G мрежата треба да започне во 2020 година, некои големи компании како T-Mobile, Vodafone и кинескиот и корејскиот Телеком, веќе спроведоа пробно лансирање на оваа технологија во голем број земји – од Кина, преку САД, до Германија и Хрватска. На почетокот од декември, 2018 година, сите оператори во Јужна Кореја истовремено ги лансираа 5G услугите.

Verizon во САД овозможи пристап до 5G мрежа на неколку локации и ги покани технолошките новинари и репортери да ја испробаат истата. Џорџ Коронес на Твитер објави снимка од тест на брзината на симнување на 5G мрежа со новиот Samsung Galaxy S10 (пуштен во продажба минатиот месец), а снимката стана вирална на социјалните мрежи.

Сите кои ја видоа оваа снимка беа фрапирани и фасцинирани од брзината на симнување на 5G мрежата со капацитет од 1.098 мегабита во секунда (1 гигабит во секунда).

Според овие параметри, на 5G мрежа можете да симнете „full HD“ верзија на некој филм за само неколку секунди. И резултатите од другите беа импресивни. „Три теста на 1 гигабит во секунда + еден на 750 мегабита и еден на 643 мегабита во секунда“, објави репортерката Џесика Долкорт од CNET.

Advertisements
To Top