Ја терала да уринира во корпа во училницата – доби обештетување од 1,25 милиони долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


14-годишна ученичка од средно училиште во Калифорнија побарала дозвола од професорката да излезе од часот за да оди во тоалет.

Меѓутоа таа не и дозволила, сугерирајќи и нуждата ја да изврши во училницата, поради што била цел на потсмев на целото одделение.

Против локалната управа и вработените во училиштето е покрената тужба, а судот сега, по речиси пет години од случувањето на немилиот настан, кој се случил во 2012 година, пресудил во корист на ученичката исплата на отштета од 1,25 милиони долари.

Судот исто така одлучил на ученичката да и бидат исплатени 41 илајда долари за лекување на нанесена душевна болка.

Девојчето два пати го менувало училиштето, и денес, после пет години и вработена, таа и понатаму оди на терапија за справување со пост-трауматски стрес.