Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден Американец се сомневал дека сопругата го изневерува, па одлучил тајно да ја следи со дрон и да види што се случува и што прави таа.
Сопругата често му велела дека мора порано да оди на работа, а забележал и дека од дома не оди до работното место по истиот пат по кој одела порано. Затоа се сетил дека следењето со дрон би било добра идеја.
Снимката му покажа дека сопругата се среќавала со друг, непознат маж на паркингот оддалечен само неколку улици од нивната куќа. На неа се гледа како таа првин се бакнува со мажот, а потоа и влегува во неговиот автомобил.
Изневерениот и изнервиран Американец снимката ја објавил на YouTube, каде има над 740.000 прегледи, а на сите поставени прашања од оние кои коментираат под видеото уредно одговара.
Додека некои му даваа предлози како дополнително да ја казни неверната сопруга, други го советуваа да го тргне видеото од платформата и да земе адвокат.