Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Уште еден доказ дека претераното користење и нанесување на шминка и козметички препарати и додатоци целосно може да му го смени ликовниот идентитет на еден човек е славната поп пејачка која речиси е непрепознатлива без шминката на нејзиното лице.
Кристина Агилера цела своја кариера, меѓу другото, ја потпира и на помошта од шминките, а после 20 години одлучи да го покаже своето вистинско појавно и ненашминкано лице. За насловната страна на Paper Magazine таа позираше без грам шминка на себе.
Списанието, освен насловната, објави уште неколку фотографии од ненашминканата 37-годишна пејачка, како и некои на кои позира со нашминкано лице.
„Отсекогаш сум била личност која сака да експериментира, сакам театралност и сакам да создавам приказни, да си поигрувам со својот лик во видеоспотовите или на сцената“, изјави таа во интервјуто.
„Јас сум изведувачка, тоа сум по природа. Но сега сум на место не кое е ослободувачки да се симне сето тоа и да се цени својата сирова убавина“, додава Агилера.
Сепак, фотографијата на која се гледаат нејзините пеги е исклучок, а не правило. „Да не се лажеме, јас сум девојка која сака нашминкано лице“, објаснува Кристина.
Во интервјуто говореше и за злоупотребата на жените.
„Ја гледав својата мајка како се труди да биде субмисивна и внимава на своето однесување за да не добие ќотек. После тоа, за жал, можете да бидете толку уништени и вашиот живот да тргне по лош пат, или можете да зајакнете и да одлучите дека нема и вие да тргнете по тој пат. Мразам кога луѓето за жените кои биле жртви на злупотреба и насилство коментираат зошто не си заминале. Станува збор за ментално малтретирање во такви ситуации. Многу од нив не знаат како да се извлечат од тоа“, вели Агилера.