Ја реметеше наставничката на Фејсбук со провокативни турбо фолк стихови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Малиот од Србија кој на YouTube како Јанко одлучи да ја поремети малку својата бивша наставничка по српски јазик на Фејсбук чет.

Чудно и интригантно е што наставничката му го прифати разговорот и тоа во ситни саати, а тој ја „бомбардираше“ со провокативни турбо фолк стихови. Видеото го објави на видео платформата, каде има над 600.000 прегледи.

„Пред сè, професорката мислам дека згрешила што воопшто прифатила пријателство на Фејсбук од бивш ученик и што воопшто се впуштила во разговор со ученик на социјалната мрежа. Исто така, мислам дека во најмала рака е неразумно што разговара со ученик во ситни саати од ноќта. Веројатно е млада и недоволно искусна, бидејќи мора да сфати дека на децата треба да им се постават јасни граници и да не се впушта во било какво зближување на страна од потребното за училишни потреби“, изјави за Курир еден професор од белградско средно школо.

„А што се однесува до однесувањето на детето, тоа е класична тинејџерска дрскост која е природна за тие години и не претставува никакво изненадување, особено во доба на денешната ошта распуштеност и експанзија на интернетот на кој, сакале да си го признаеме ние тоа или не, тие подобро се снаоѓаат од нас професорите“, додава професорот.