Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
18-годишна ученичка од Украина одлучија да ја продаде невиноста на „вистински маж“, бидејќи итно имала потреба од кеш.
„Пред или после ќе мора да се простам од невиноста, па подобро тоа да го направам на овој начин, отколку пијана на некоја забава“, вели Јулиа за локалните медиуми во Мелитопол, на југоистокот од Украина.
Својот оглас под наслов „Невиност на продажба“ го објавила на страницата каде што инаку се продаваат часовници и антиквитети и се бара работа.
„Мила девојка, 18 години, ученичка. Ќе ја дадам мојата невиност на сериозен маж кој е расположен да даде 50.000 гривни (околу 1.600 евра). Ќе се најдеме во Мелитопол, на место по мој избор“, напишала девојката во објавата под фотографијата на која не се гледаат нејзините очи, додавајќи дека парите ќе ги троши за „добра работа“.
Заинтересираните ќе траба да ја исконтактираат преку Skype. На новинарите им рече дека ќе оди на преглед ако потенцијалниот „спонзор“ го бара тоа, за да му докаже дека навистина е девица, пишува Daliy Mail.
„Сум била во љубовни врски, но никогаш не сум спиела со дечко. Ова не е натпреварување. Ќе се согласам на секс со мажот кој прв ќе ми одговара“, вели таа.