Славни

Ја препознавате која е?

Славната поранешна Плејбој зајачица Памела Андерсон ги изненади своите обожаватели со привремена промена на бојата на косата, споделувајќи фотографии на кои позира со темна коса.

Со оглед на фактот дека русата коса е заштитен знак на Памела, позирањето со темна коса предизвика бура од реакции и коментари кај нејзините обожаватели на социјалните мрежи, кои даваа свои мислења за таквата промена на стилот.

„Потемно…“, кратко напиша Андерсон во описот на фотографиите кои ги сподели на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Pamela Anderson Foundation (@pamelaanderson) on

„Темната коса ти лежи“, „Темната коса изгледа прекрасно и навистина ти стои“, „Јас гласам за смеѓа коса. Прекрасна си“, беа само дел од пофалните коментари со кои следбениците ја опсипаа Пам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Pamela Anderson Foundation (@pamelaanderson) on

Станува збор за привремена промена на бојата на косата со употреба на перика, во рамки на снимањето на еден едиторијал за чии потреби Андерсон промени неколку перики.

Advertisements
To Top