Home Актуелно Ја прегази Ле Пен: Макрон е нов претседател на Франција

Ја прегази Ле Пен: Макрон е нов претседател на Франција

Независниот кандидат од центарот Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција со освоени 65,1% од гласовите во вториот круг, наспроти 34,9% за десничарката Марин Ле Пен, покажаа првичните резултати.

39-годишниот Макрон, поранешен министер за економија во владата на социјалистот Франсоа Оланд, е про-ЕУ и вети дека ќе го растресе францускиот политички систем. Сепак, резултатот на Ле Пен е историски највисок за француската крајна десница.

И покрај неубедливата кампања и слабиот настап во последната ТВ-дебата, таа успеа да освои над 10 милиони гласови, двојно повеќе од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, кој учествуваше во вториот круг од претседателските избори во 2002 година.

Макрон ќе биде најмладиот претседател на Франција и ја презема земјата во вонредна состојба по серијата терористички напади. Тој се соочува и со стагнирачка економија и голема невработеност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…