Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Извори блиски на Орландо Блум и Нина Добрев тврдат дека тие двајца се нешто повеќе од пријатели. Иако долго се знаат, според наводните тврдења, Орландо и Нина од неодамна започнаа и љубовна врска.
„Се знаат веќе извесно време, а неодамна започнаа и нешто што е повеќе од пријателство и сè меѓу нив е навистина опуштено“, вели неименуваниот извор за списанието People.
Но, медиумите веќе пишуваа дека Орландо е виден на фестивалот Коачела со друга жена. Исто така, Добрев е на фестивалот, но очигледно не со „новиот дечко“.
За мајското списание на Elle UK, Блум прв пат проговори за меѓусебните разлики со Кети Пери, велејќи дека успеале да останат добри пријатели.
„Пријатели сме и тоа е добро. Сите сме возрасни. Тоа е нешто што се случи меѓу нас и подобро е на децата да им покажеме дека раскинувањето не подразбира и омраза“, рече актерот.
И Добрев е во добри односи со својот бивш партнер, Јан Сомерхалдер и Ники Рид.