Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Перл Дериер е организаторка на секс журки која се надева дека ќе ја приреди најголемата оргија на светот.
Перл престана да ги брои сексуалните партнери кога ја надмина бројката 100 на 21 година. Сака да ја организира најголемата оргија на светот на која сака да собере 1.000 луѓе, со што ќе го сруши светскиот рекорд кој го држат Јапонците со нивната оргија на која имаа 500 учесници.
View this post on Instagram
29-годишната Дериер има некои строги правила до кои ќе мора да се придржуваат сите учесници во оргијата, а најважни се: секој учесник мора да доведе пријател со себе, секој да носи кондом и никој да не носи мобилен телефон, пренесува The Mirror.
Перл, инаку од Денвер, инспирацијата за оваа организација ја добила откако учествувала на голем број приватни секс забава.
„Луѓето може ќе си помислат дека сум алчна за секс, но тоа не е точно“, вели таа, додавајќи дека луѓето мислат оти секс журките се нешто ново, што исто така тврди дека не е точно.
View this post on Instagram
Таа појаснува дека точната локација и датумот на случување на оргијата ќе останат строго чувана тајна меѓу членовите на „секс позитивната заедница“. Пред да влезе во секс индустријата во 2012 година, Перл била агентка со осигурителни полиси.
Таа има полиаморна љубовна определба и ужива во врска со повеќе партнери. Моментално живее со својот дечко Ден Патрик (35), а ја посетува девојката Томи Тејли (30) во Далас.
Нејзините партнери, кои со неа го делеле креветот, но немале секс во тројка, исто така се среќни што можат да учествуваат во оргиите. Својата љубов кон оргиите и полигамните врски Перл ја развила како танчерка во бурлески во 2012 година. Ја најмиле да настапува на една приватна секс забава, а нејзината љубов кон оргиите оттогаш трае со ист интензитет.
View this post on Instagram
Но, и покрај нејзиниот слободен пристап и сфаќања за интимноста, Перл има строги правила кога се во прашање оргиите. Секогаш обезбедува кондоми за гостите и безбедноста ја става на прво место. „Се прегледувам за полови болести на секои шест месеци и резултатите се секогаш чисти“, открива таа.
За да се осигура дека луѓето не се премногу пијани, на секс забавите таа ги пушта само оние кои доаѓаат со пријател или пријателка. Така, ако некој се онесвести од пиење или на другите им е непријатно поради него, за тоа едноставно го известува оној со кој дошол.
„Снимањето на оргиите, исто така, е проблем, па никој не смее да влезе со камера или мобилен телефон. Треба да имаме доверлива атмосфера за сите да можат да се забавуваат“, додава таа.
Нејзината мајка не го осудува изборот на својата ќерка и многу е блиска со неа. Но, таткото на Перл не е толку слободоумен, па Перл не е толку отворена со него и тој за неа мисли дека е обична организаторка на настани.
Признава дека на оргија оди еднаш месечно, а се надева дека нејзиниот план за најмасовната оргија на светот може да биде иницијација за „секс позитивна револуција“.