Ја откри тајната од Трамп: „На Меланија ѝ дозволи да забремени само под еден услов“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Без разлика на тоа што мислите за неговото претседателско владеење, Доналд Трамп никако не остава впечаток на грижлив сопруг. Со оглед на тоа колку пати досега целосно ја изигнорира својата сопруга Меланија Трамп, оддаде впечаток дека самиот тој си е себеси најважен, а убавата сопруга е само додаток на кој сите треба да му завидуваат.

А дека односот на Доналд кон неговата сопруга никогаш не бил поразличен и претходо, покажува приказната од близок пријател на славниот пар, кој за Vanity Fair откри уште една од тајните на Трамп.

„Отприлика шест месеци после нивната венчавка, Меланија остана бремена, но нештата се сменија. Тогаш таа имаше 35 години, а Доналд велел дека тоа за неа е последниот воз за таа работа“, вели пријателот кој во тој период често бил гостин во нивниот дом.

Барон воопшто не бил желба на Доналд, туку на Меланија, бидејќи со денес актуелниот американски претседател тогаш веќе била во седумгодишна врска. Пред бракот Доналд дури се трудел околу Меланија, но откако го кажале судбинското „да“ и таа посакала дете, тој се сменил. Се тегнел околу тоа прашање дали таа треба да роди, за на крај да се согласи на тоа под услов Меланија што поскоро после породувањето да ја врати својата топ физичка форма. За тоа отворено разговарале пред сите.

„Никогаш не ја праша како е, никогаш не придржувал отворена врата за неа ниту ѝ помагал во нешто. Сè што ѝ велеше беше дека самата таа сакала дете“, вели анонимниот пријател. Со оглед на јавното однесување на Трамп кое денес го сведочи цел свет, тоа и не е звучи така чудно и неверојатно. Дали е точно – којзнае.

Наводно, кон  нејзината бременост и фактот дека очекуваат заедничко дете се однесувал како кон некој вид на договор, пишува Vanity Fair.