Ја осудија на 18 години затвор оти се пожалила дека џамијата е прегласна


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Овие во Индонезија се стварно тврдокорни веници, пикаат в затвор за богохулење. Индонезискиот суд пресуди одлука со која жена ја осудува на 18 години затворска казна бидејќи се пожалила дека една локална џамија е прегласна.

Судот ја осудил за богохулење жената која се пожалила дека џамијата во нејзиниот кварт е прегласна.

44-годишната Мелиана е будист по вероисповест со потекло од Кина. Таа кај локалните власти се пожалила дека џамијата во нејзината четврт пет пати прегласно се слуша и дека и пречи пеењето на имамот.

Наместо да ја сослушаат, жената била однесена во притвор, а вчера добила пресуда во која била осудена на 18-годишна затворска казна.

Индонезија има најголем процент муслимани во југоисточна Азија , а во делови на земјата се практикува и шеријатското право со средновековни методи на казнување како јавни егзекуции.