Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рос Еџли е првиот Британец и прв човек на планетата, воопшто, кој успеа да направи пливачки подвиг на кој треба да му симнеме капа за достигнувањето. Типот успеа во неговата намера да ја обиколи цела Велика Британија со пливање, подвиг за кој му беа потребни 157 дена секојдневно константно 12-часовно пливање.
Еџли преплива должинска дистанца од 2.865 километри. Ако сакате посликовито да ви го приближиме ова растојание, тоа е еднакво на растојанието меѓу Лондон и Москва.
За време на пливањето секој ден, Рос внесувал помеѓу 10,000 и 15,000 калории дневно кои најчесто доаѓале од јаглехидрати и тоа пица, пудинг од ориз, паста и вкупна бројка од 610 изедени банани, како и 314 лименки енергетски пијалок. Сето ова доаѓало од еден обичен катамаран на кое го поминувал времето за одмор и во кој бил придружуван од трочлената екипа која го следела во оваа авантура.
За време на овој пливачки рекордерски потфат Рос се соочил со околу 37 напади од медузи, инфекција на вратот и јазикот и сериозна повреда на рамото.
Откако завршил со пливањето и излегол од водата Рос изјавил дека во главата му била мислата дека ќе протрча на плажата како актер од серијата „Чувари на плажата”, но наместо тоа тој само имал чувство дека ќе се струполи на подот со лицето.