Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челине Чентино во тинејџерските години често трпела навреди и понижувања за нејзиниот физички изглед, што предизвикало фрустрации и наталожени комплекси кај неа.
Поради тоа, типката решила коренито да го промени својот физички изглед до непрепознатливост, трошејќи 50.000 швајцарски франци во пластични операции.
Челине станала Инстаграм ѕвезда, а вели дека на овој драстичен чекор ја навела тешката младост низ која е нарекувана грда и непривлечна. Тврди дека неколку пати била приморана да глуми дека е болна за да не излегува и не се соочува со навредите.
Парите за операциите ги собрала работејќи како фризерка, а тврди дека операциите ѝ помогнале да се чувствува среќно во својата кожа.
Од септември 2013 извршила 3 операции за зголемување на градите, корекција на носот, усните и брадата во вкупна вредност од 50.000 швајцарски франци.
На Инстаграм има повеќе од 43.000 следбеници од кои секојдневно добива пофалби за својот изглед.
„Бев среќна но незадоволна од својот изглед. Луѓето ми судеа на основа на тоа дека не сум убава, и тоа ме претвори во тажна личност”, кажала таа и додала дека сака само да биде среќна.