Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сѐ започнало во 2022 година, кога Есекел Хинокоса ја чистел куќата и ја пронашол штедната книшка на својот покоен татко, стара шест децении.
Се испоставило дека човекот штедел за да купи куќа и успеал да издвои 163 долари. Не е многу, но кога ќе се додаде каматата и разликата поради инфлацијата, сопственикот на сметката држел огромни 1,2 милиони долари.
Таткото починал пред 11 години, а никој од семејството не знаел за штедната книшка или дека планирал да купи куќа. Банкарскиот документ бил ставен во кутија, а таму бил се додека Есекел случајно не го нашол, пренесува НДТВ.
Проблем бил фактот што банката во меѓувреме била затворена, со што штедната книшка немала вредност, доколку да не постоеше детаљ наречен – „државна гаранција“.
Затоа, имал обврска да се регулира плаќањето во случај банката да не може да го стори тоа.
Езекел, сепак, не можел да се израдува, бидејќи парите не биле исплатени, па решил да започне судски спор.
„Станува збор за заштедите на татко ми, кои се осигурани. Тие пари ни припаѓаат нам. Не мислев дека ќе треба да ја тужам државата“, рече тогаш тој.
По низа перипетии, пресуди и жалби, Врховниот суд одлучил во негова корист. Државата морала да си го отвори сефот и да му ги исплати парите.