Ја изнајмила куќата и тргнала на пат околу светот, се шокирала кога се вратила дома!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Добродушната волонтерка која некогаш готвела супа за бездомници, после 5 години се вратила дома и останала во шок кога видела дека криминалците го претвориле станот во фарма за канабис.

Танија Леверти од Ливерпул го изнајмила својот дом и со дечкото отпатувала во Азија. Но кога престанала да добива наемнина почнала да се сомнева, и кога се вратила дома го нашла својот дом претворен во фарма за марихуана.

„Сето беше прекриено со стебла марихуана. Се шокирав – имаше толку многу билки. Не се ни качив на горниот кат…само започнав да плачам. Бев скршена“, вели таа.

Кога ја напуштила Велика Британија била уверена дека куќата ја изнјамува на семејство од Јужна Кореја. Таа дури и ја намалила наемнината затоа што и се допаднало нивното бебе. Таа сфатила дека криминалците ја надмудриле и останала без наемнина неколку месеци и со оштетен дом.

„Сега сум јас жртва. Седам овде и не можам да си ја дозволам следната рата, а ако тоа не го направам – надвор сум…“, вели таа.