Ја истепале продавачката оти не им продавала алкохол


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Тројца охриѓани нападнале продавачка зошто не им дала алкохол. Во обидот да ја одбрани, насилниците го нападнале со лопата и нејзиниот сопруг.

СВР Охрид соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, полицијата поднесе кривична пријава против О.М. (23), Х.В. (23) и П.Д. (22), од Охрид.

Пријавените насилството го сториле на 22 минатиот месец, околу 21 часот, пред продавницата „Гобекс“, во охридското село Лескоец, во момент откако вработената С.С. им кажала дека не е дозволено купување алкохолни пијалаци.

Тогаш пријавените почнале непристојно да се однесуваат и со пцости да ја навредуваат, а потоа и физички ја нападнале заедно со нејзиниот сопруг Н.С., кој бил во непосредна близина и побарал од нив да престанат со навредите.

Во нападот, пријавениот О.М. употребил мала метална лопата, која ја чувал во своето возило, и на Н.С. му задал повеќе удари во пределот на десната рака и главата, а потоа и на уште две други лица кои сакале да го оттргнат Н.С. од напаѓачот.

Повредените се пренесени на хируршкото оделение во Општа болница Охрид, каде им е укажана неопходна медицинска помош.