Ја има и Македонија: Што можеш да јадеш за 30 долари во разни земји низ светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Bright Side одеднаш почувствувале интерес за тоа што можеш да јадеш за одредена сума (во случајов 30 долари) во различни земји од светот. Резултатите кои ги добиле од истражувањето се прилично интересни. Еве што пишуваат тие за кулинарските дразби во некои земји. На фотографиите ги имате оброците кои за 30 долари можете да ги порачате во следните земји. А да, ја има и Македонија.

Швајцарија

28-11-hrana-svajcarija

Швајцарија е една од најскапите земји во Европа. Оваа вечера е она кое можете да го добиете за 30 долари во ресторан кој не спаѓа во групата на скапи ресторани. Ако сакате нешто понутритивно, ќе треба да се обидете со италијанска, кинеска или турска кујна.

Јапонија

28-11-hrana-japonija

Кулинарскиот туризам моментално е во експанзија во Јапонија бидејќи таму нивната кујна не е многу зачинета и е прифатлива како и за западните, така и за туристите од Истокот. Нормално, најеминентна кујна таму е локалната морска храна.

Италија

28-11-hrana-italija

Италијанската кујна се смета за една од најдобрите во светот, но неискусните туристи ќе наидат на потешкотија во лоцирање на ресторан каде би можеле да вкусат вкусни оброци за пристојна цена. Домашните тратории, остерии и пицерии се наоѓаат длабоко во градовите и се прв избор за вистинските гурмани. Не само што можете да јадете традиционална храна таму, туку можете да вкусите и исклучителни домашни вина.

Канада

28-11-hrana-kanada

Тешко е да се зборува за национална канадска кујна, бидејќи таа е повеќе мешавина од различни кујни донесени од имигрантите од различни страни на светот. Разликата во цените помеѓу големите градови и помалите гратчиња е драстична. На фотографијата можете да видите порачка во мал семеен ресторан во главниот град на Канада за 30 долари.

Франција

28-11-hrana-francija

Кога станува збор за светските кујни, Франција е земја која се наоѓа во врвот според ексклузивност, квалитет и атрактивност. Цената варира во зависност од нивото на ресторанот и локацијата, како и во многу други земји. На фотографијата имате ручек која можете да ја порачате за споменатата сума во поевтин ресторан прилично оддалечен од центарот на Париз. Виното е клучниот сегмент во порачката.

Шпанија

28-11-hrana-spanija

Во Шпанија, за 30 долари, можете да порачате комплет вечерен оброк во евтин ресторан. Или можете да јадете традиционална шпанска храна со локално вино во некој тапас бар.

Јамајка

28-11-hrana-jamajka

Јамајканската кујна не е само егзотична и разновидна, туку и доста пристапна и пристојна во поглед на цените. Во ресторан од средна класа добивате понуда од јадење какво што е прикажано погоре, со морски плодови, кое во некој европски ресторан сигурно ќе ве чини барем двојно поскапо.

Австралија

28-11-hrana-avstralija

За 30 долари можете да порачате фина храна во повеќето австралиски ресторани. Но, треба да се потенцира дека има голем број ресторани кои немаат лиценца за продажба на алкохолни пијалоци, но ви дозволуваат да си донесете сами пијачка. Ручекот во такви ресторани може да биде прилично поевтин.

Грција

28-11-hrana-grcija

Грција ги пречекува своите гости со една од најстарите и најисклучителни кујни на светот. Локалните ресторани и таверните ќе бидат вистинско откритие за вас: цените таму најчесто се пониски, посебно во јужните делови од земјата и областите каде нема голема фреквенција на туристи.

Мексико

28-11-hrana-meksiko

Цените во евтините мексикански ресторани (оние кои се тргнати од понудите за туристички атракции) се навистина евтини и многу поразлични од оние во Европа. За 30 долари можете да порачате било кое од познатите зачинети оброци со месо.

Индија

28-11-hrana-indija

Најдобра опција за јадење во Индија се локалните ресторани, бидејќи храната таму е готвена на поприфатлив начин од санитарен аспект. Како и да е, дури и најскапите ресторани на туристите им нудат оброци за доста прифатливи цени. За 30 долари можете да порачате ручек за неколку луѓе.

Македонија

28-11-hrana-makedonija

Македонските цени се меѓу најевтините во Европа кога станува збор за храна, додека кујната таму е едноставна, вкусна и исполнувачка. Секогаш имате пресен леб, зеленчук и различни видови на сирење на вашата маса. За 30 долари без проблем можете да порачате вкусна и обилна вечера за вашата седенка во ова мало, пријатно и топло место од Источна Европа.