Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Војвотката Кејт Мидлтон ги посети дечињата кои настрадаа во пеколниот пожар во кулата Гренфел, кој однесе 71 живот.
Војвотката учествуваше во подготовката на божиќните украси и подароци со клинците, а камерите ја забележаа нејзината средба со дечињата Јахја и Дауд, кои беа повредени во пожарот.
Јахја сигурно ќе го памети овој ден, бидејќи стана ѕвезда во британските медиуми на оваа средба. Малиот фраер, наместо да ја поздрави војвотката со пружање рака, позираше правејќи со раката знак за мир (peace).
Веројатно кога ќе порасне ќе му биде мило што испаднал фраерче уште на мали години, особено затоа што поголемото момче до него круто гледа во идната британска кралица.
Не постојат обврзни начини на поздравување со членовите од кралското семејство, но мажите обично пред нив суптилно ја поднаведнуваат главата, а жените елегантно се поклонуваат со потклекнување.