Извршниот директор на МекДоналд отпуштен поради љубовна врска со вработена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради прекршување на строгите основни правила на компанијата, меѓу кои се забранува и било каква интимна врска со вработено лице во гигантскиот ланец ресторани, извршниот директор и претседател на МекДоналдс, Стив Истербрук, беше разрешен од неговата функција. Отпуштањето му беше врачено откако Бордот на компанијата утврди дека ја нарушил нејзината политика.

Истербрук, како што пишува CNN, кој стана извршен директор во 2015 година, „покажа лошо поведение, за неодамнешен однос со вработен“, се вели во изјавата на Мекдоналдс, иако се нагласува дека врската со вработената била консензуална, што значи дека и таа се согласила на неа.

Тој се „одвои“ од овој гигантски синџир за брза храна, и беше заменет и во двете функции од Крис Кемпчински, што стапува на сила веднаш. Кемпчински, кој се приклучи на Мекдоналдс во 2015 година и беше неодамна претседател на Мекдоналдс во САД, во изјавата рече дека е „енергизиран од овој предизвик“ и со нетрпение очекува „да го води континуираниот успех на Мекдоналдс“.

Во е-поштата испратена до вработените во Мекдоналдс, Истербурк изрази жалење за врската.

„Што се однесува до моето заминување, се вклучив во неодамнешниот консензуален однос со вработен, што ја наруши политиката на Мекдоналдс“, напиша Истербурк. „Ова беше грешка. Со оглед на вредностите на компанијата, се согласувам со одборот дека е време да продолжам понатаму. Покрај ова, се надевам дека можете да ја почитувате мојата желба да ја задржам приватноста”.

Тој исто така рече дека неговото време како извршен директор „биле најуспешните години од мојот работен век“.

Одборот соопшти дека е уверен во способноста на Кемпчински да ја води компанијата.

Во својата е-пошта, Истербурк го опиша Кемпчински како „идеална личност да ја преземе улогата на извршен директор“.

Под водство на Истербурк, компанијата се посвети и на своите основни придонеси од менито, напуштајќи ги занаетчиските сендвичи и намалувањето на доцните ноќни оброци за да се зголеми ефикасноста. Додека другите синџири ги испробуваат растителни протеини, Истербурк остана претпазлив на трендот.