Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, алармира дека светската економија се соочува со ризици за финансиската стабилност поради турбуленциите кои го потресоа банкарскиот сектор.
Георгиева рече дека зголемувањето на каматните стапки изврши притисок врз долгот, предизвикувајќи „стрес“ во водечките економии, дури и кај кредиторите, објави „Гардијан“.
Таа рече дека светската економија ќе порасне за само три проценти оваа година бидејќи зголемените трошоци за задолжување, во комбинација со војната во Украина и лузните од пандемијата со Ковид-19, ќе го задушат растот.
Приклучувајќи се на зголемениот број предупредувања од економските лидери, извршната директорка на ММФ изјави дека е јасно дека ризиците за финансиската стабилност се зголемени по неодамнешниот колапс на Банката на Силиконската долина.
„Во време на зголемено ниво на долг, брзата транзиција од подолг период на ниски каматни стапки кон многу повисоки стапки, неопходни за борба против инфлацијата, неминовно создава стрес и ранливост, како што сведочат неодамнешните случувања во банкарскиот сектор во некои напредни економии“, изјави Георгиева на конференцијата во Пекинг.
Централната банка на ЕУ стравува дека проблемите во банкарскиот сектор ќе резултираат со помал раст и ќе ја забават инфлацијата, изјави потпретседателот на ЕЦБ Луис де Гуиндос во интервју за „Бизнис пост“.
„Нашиот впечаток е дека ќе доведат до дополнително заострување на кредитните стандарди во еврозоната. А можеби тоа ќе доведе до помал раст и помала инфлација“, рече тој.