Извршителите не смеат да вршат наплати на долгови до крајот на јуни


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За месеците април и мај сите имнувани и избрани лица на државни функции ќе добијат минимална плата од 14.500 денари. Но, овој пакет мерки за кратење на платата не ги опфати и административците и службениците во јавниот сектор.

Нивните плати остануваат исти. Во вториот сет на економски мерки помина речиси сè од објавните предлози на Зоран Заев како лидер на СДСМ, но не и повикот сите вработени под државна капа да бидат солидарни и да издржат два месеци со минималец или во спротивно ќе се случи крах на економијата.

Премиерот Оливер Спасовски вели декa првичната одлуката е минималец да добијат само функционерите и на тој начин ќе покажат солидарност.

„Сметавме дека првичната мерка треба да биде ние како функционери да се солидализираме и да влеземе со минималната плата сега засега. И сметаме дека преку тие фискални импликации ќе се помогне во овој дел и на некој начин ќе оставиме простор во задржување на платите на администрацијата“, рече техничкиот премиер Спасовски.

Против намалувањето на платите во администрацијата овие денови се огласија ДУИ, синдикатите и опозицијата. Владата донесе одлука и да им се помогне на сите фирми од приватниот сектор кои се погодени од состојбата и тоа преку субвенционирање на минимални плати за април и мај. Владата им наложи на извршителите до крајот на јуни да го замрзнат извршувањето. Плаќањето на рати за кредити за физички лица се стопира од 3 до 6 месеци, а за фирмите може и подолг период. Има и нови понуди за бескаматни кредити, а се забранува да се отвораат стечајни постапки.