Изворот на сила за нашето секојдневие: Ова е одговорот…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Зачестената изложеност на стрес, недоволно сон и исцрпреност на организмот станаа наше секојдневие. Како да му помогнеме на телото да остане здраво во модерниот свет? Некои од советите се дека овие проблеми можеме да ги пребродиме со здрава исхрана, редовна физичка активност, како и балансиран внес на минерали.

Дали сте знаеле дека, на пример, магнезиумот има важна улога во централниот нервен систем? Овој минерал му помага на мозкот да се опушти, учествува во неуромускуларната трансмисија на импулсите, коагулација на крвта, регулира пропусливост на мембраните на келиите и влегува во состав на коските. Со дневното внесува на магнезиум можете да ја намалите нервозата и да ја зголемите концентрацијата. Исто така, тој ви помага да спречите вртоглавици и мигренозни главоболки.

А кога зборуваме за тоа дека магнзиумот влегува во состав на коските, на сите ни е познато дека нашето тело, покрај овој минерал, потребен е уште еден, а тоа е калциумот. Тие заедно помагаат во градењето и чувањето на здрави заби и коски. Помалку калциум може да предизвика рахитис, остеопороза, остеомалатија и други болести на коските. Иако на жените им е потребен калциумот значително повеќе, особено после породувањето, и во менопаузата, и момците можат да страдаат од неговото, и е неопходно да се внесуваат обата минерали.

Минералите можат да ви помогнат полесно да го пребродите денот, да останете фокусирани на своите обврски и на крајот од денот, да потонете во цврст и мирен сон.