Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сеад Кочан во моментов се крие во местото Витомирица во близина на Пеќ, на Косово, тврдат извори кои се инволвирани во потрагата по него.
Според одредени извори, Кочан секојдневно ги менува локациите поради меѓународната потерница издадена за него. Во Косово за него е задолжен и му помага извесен Геро, сопственик на фирма за транспорт „Геро реисен“ од Нови Пазар.
Истите извори говорат дека Сеад Кочан престојува на Косово додека не биде завршено засолништето што му се подготвува во местото Сјеница, под планината Пештер на Санџак.
Според оваа информација, Кочан нема намера да се врати во Македонија каде му е одреден притвор и да се соочи со обвиненијата покренати против него, иако неговите адвокати тврдат дека е невин.
Кривичниот совет на Апелциониот суд ја потврди мерката притвор побарана од СЈО поради проценка дека постои опасност од бегство. Истовремено советот од тројца судии на Апелација одлучи дека не постојат околностите за влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, што беше сигнал за некои правни експерти дека со тоа се отвора можноста за спогодба за укинување на притворот со поднесување гаранција од осомничениот. Сепак, по очигледното бегство, сега се тврди дека и таа опција веќе е невозможна.
СЈО побара притвор за Кочан на крајот на минатиот месец по обелоденувањето на случајот „Труст“ во кој бизнисменот е првоосомничен.
Вработените во телевизија НОВА чиј сопственик е Кочан и ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека се врши смислен прогон за да се уништи медиумот. Од СЈО одговараат дека против телевизијата нема никакви мерки и не е цел на истрага, а тоа што Кочан е сопственик на медиум не може да го амнестира доколку е инволвиран во незаконски активности.