Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По десетдневна макотрпна работа италијанските спасувачки екипи успеаа да стигнат до сите жртви од лавината која го погоди планинскиот хотел Ригопиано во цeнтрална Италија.
Иако пред неколку дена постоеше надеж кај спасувачите дека можеби ќе пронајдат преживеани, таа денеска се урна. Бројот на загинати по ударот на лавината се искачи на 29 лица, откако спасувачките екипи утринава ги извлекоа и послендите тела од урнатините на хотелот.
Италијанскиот премиер Паоло Џентилони вчера во парламентот изјави:
Доцнењето и лошата организација ја забавија спасувачката акција, но сега не е време за барање вина.
Кобниот 18 јануари ќе го паметат 11 лица меѓу кои и 4 деца кои успеаа да ја преживеат страотната несреќа. Преживеаните опишуваа како успеале во унратините на снегот да поминат саати и саати без вода, храна, едвај успевајќи да пронајдат трошка воздух во страшните планини од снег тоа биле страшни 48 часа заробени во мрак и на студено, јадејќи снег за да ја изгаснат жедта.
Во собите немаше речи никој, бидејќи добивме предупредување дека е моќна лавина во пладневните часови но таа не изненади дојде многу порано, јас чекав повеќе од 40 часа да ги најдат моите деца и жената, изјави Џамперо Парете, гостин во хотелот.
Се исплашивме од земјотресите. Сакавме да одиме дома. Чекавме во лобито. Персоналот не упати во една просторија каде што имаше камин, чекавме да дојдат да не земат, потоа слушнавме викање мислевме дека повторно има земјотрес, но одеднаш се најдовме под снег, изјави Џорџија Галаси.
Слушнавме силен звук, па се се урна. Јас претходно ги ставив куферите во автомобилот, веќе се одјавивме, изјави Винченцо Форти.
Од италијанското обвинителството соопштија дека обдукцијата на првите шест тела покажала дека луѓето починале од физички трауми непосредно по рушењето на хотелот, но и како последица на смрзнување и гушење.