Извлечена девојка која попладнево падна во провалија на Галичица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Девојка на 21 година, жител на туристичката населба Пештани, која со друштво била на рекреативно планинарење на планината Галичица, паднала денеска во провалија при што се здобила со свршеници на раката и други повреди.

Девојката е сместена во Општата болница во Охрид, каде и се санирани повредите и е подложена на детални испитувања.

Девојката останала подолго време во провалијата, а е извлечена вечерва нешто пред 18 часот, од страна на спасувачки екипи.

Во акцијата учествувале екипи на Црвениот крст, противпожарните служби, како и нејзини блиски роднини. Откако била извлечена, девојката е транспортирана до Охрид со возило на Брза помош.

Постапката била отежната поради непристапниот терен и слабата видливост.