Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од МВР информираа дека вкупно 83 луѓе побарале медицинска помош во некоја од болниците во Скопје. Од нив повредени се 54 цивили, 25 полицајци, тројца пратеници и еден новинар. Најголем дел од повредените се пуштени на домашно лекување, а околу десет луѓе се задржани на болничко лекување, оти имаат посериозни повреди.
Полицијата соопшти и дека во полициската станица во Гази Баба се приведени осум луѓе во врска со вчерашните настани. Со приведените се уште се работи, велат од МВР. Полициски тимови прегледуваат видео материјал од видео надзорот во Собранието за да идентификуваат можни нарушители и да истражат кој вршел насилство.
Со оперативниот штаб сега раководи министерот Агим Нухиу, а вчера раководел директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Од полицијата велат дека обезбедуваат лица и имот од витално значење. Од МВР не кажуваат точно колку полицајци имало распоредено пред и во Собранието пред да почне инцидентот.