Изречена првата пресуда за „Рекет“: Три години затвор за Зоран Милески Кичеец


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денес во скопскиот Кривичен суд, многу побрзо отколку што се очекуваше, падна првата пресуда за случајот „Рекет“. Третообвинетиот во овој случај, Зоран Милески Кичеец, доби тригодишна казна затвор.

На Кичеец казната му ја изрече судијката Васка Николовска – Масевска образложувајќи дека истата му следува затоа што со договарање меѓусебни средби влијаел да се извршат службени дејства што не смеело да се извршат.

Во трите години затвор е пресметано и времето што тој го помина во притвор, кога беше однесен на 15 јули, што значи дека Кичеец го чекаат две години и седум и пол месеци затвор.

Во пресудата судијката прочита и дека Јанева барала 8 милиони евра за да се запрат постапките што се воделе против Орце Камчев и 5 милиони евра ако СЈО се прогласи за неовластен тужител во постапката за случајот Империја.

Обвинителката Вилма Русковска рече дека изречената казна против третообвинетиот во случајот „Рекет“ е добра, но дали ќе вложи жалба за висината на санкцијата ќе одлучи по примање на пресудата.

„Мислам дека изречената санкција е добра. Дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата. Искрено не очекував повика казна затоа што, сепак, е голем распонот на предвидената казна од една до 10 години, досега е неосудуван и најмногу затоа што призна вина пред почеток на главната расправа“, рече Русковска во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје.

Таа не ја исклучи можноста за Милески во наредниот период да се појави во улога на сведок во постапката против првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и второобвинетата, Катица Јанева.

„Милески може да се појави како сведок во случајот. Во таква улога може да биде по предлог на обвинителството или на одбраната во дополнување на доказна постапка“, додаде Русковска.

Фото: Мкд.мк