Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За време на посетата кај македонскиот претседател Стево Пендаровски, израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Орјан, освен официјалните дипломатски разговори на разни државнички теми, правеше и фискултурни егзибиции „за атмосфера и атракција“.
„Оваа фотографија, „стој на раце” со израелскиот амбасадор Дан Орјан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, напиша претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи под фотографијата снимена во неговиот кабинет за време на денешната средба.
На средбата Пендаровски и Орјан се согласиле дека Македонија и Израел градат плодни економски релации и изразиле подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.