Изненадување: Јувентус и Тотенхем се договориле за Дибала!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најугледниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио синоќа објави навистина сензационална вест, пишува Спортски.мк.

Имено, новинарот на „Скај Спортс“ пишува дека Тотенхем испратил понуда во висина од 70 милиони евра за услугите на Пауло Дибала и истата била прифатена од раководството на Јувентус.

Сега останува само играчот и клубот од Лондон да ги договорат личните примања по што треба да следи и официјализација на трансферот.

Јасно е дека Дибала ќе бара огромна сума на пари како месечна плата, но се верува дека од Тотенхем се подготвенида му ја понудат бараната плата, нешто што Манчестер Јунајтед не го стори во текот на вчерашниот ден.