Изненадување: Хрватот ја напушта Барса!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот на Барселона и хрватски репрезентацивец, Иван Ракитиќ на крајот на сезоната би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Имено, Жозе Мурињо силно го посакува Хрватот на „Олд Трафорд“ и наскоро е спремен да започне преговори со Барселона.

Договорот на Ракитиќ со Барселона истекува во 2019 година, па и покрај најавите сеуште не се почнати преговорите за продолжување на соработката.

Каталонците би можеле да имаат проблем бидејќи нема да можат да му ја понудат на Ракитиќ истата плата која му ја нуди Јунајтед, па можно е да го загубат Хрватот.

Барса во изминатиот период ги продолжи договорите на неколку ѕвезди од тимот, па поради финансискиот фер-плеј не е во можност да му понуди повисока плата на Ракитиќ.