Изненадување: Де Роси останува во Серија А, и тоа во големиот ривал на Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Рома, Даниеле де Роси донесе конечна одлука и е спремен да заигра во друг клуб од Серија А.

Де Роси откако замина од Рома најави дека нема да се пензионира, а медиумите тврдеа дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС или во Бока Јуниорс.

„Скај Спорт“ пренесува дека 35-годишниот играч за врска ги одбил тие понуди и донесол одлука кариерата да ја продолжи во Серија А, најмалку уште една сезона.

Најсилен интерес за него покажуваат Милан и Фиорентина, како и Сампдорија каде е неговиот поранешен тренер Ди Франческо.

Медиумите пред неколку дена пренесоа дека Италијанецот го одбил Милан бидејќи не сака да игра во директен конкурент на Рома, но последните информации говорат дека големи се шансите да се пресели на „Сан Сиро“.

Новиот тренер на „росонерите“ Џампаоло смета дека Де Роси ќе игра важна улога во соблекувалната и дека добро ќе влијае на младите фудбалери.