ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Буфон се враќа во репрезентацијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Привремеиот селектор на Интер, Луиџи Ди Биаџо изјави дека ќе се обиде да го убеди Буфон да се врати во репрезентацијата за време на пријателските натпревари во март.

40-годишниот голман на Јувентус се збогува со репрезентацијата после бараж-дуелот со Шведска за Светското првенство.

Буфон имаше за цел да се прости од репрезентацијата на Светското првенство, но Италија не се пласира на завршницата.

„Зборував со Буфон и му предложив да одигра уште два или три меча, бидејќи таков фудбалер не би требало да заврши со натпрвар како тој со Шведска“, изјави Ди Биаџо.

Четирикратните светски шампиони во март ќе одиграат две пријателки средби, најпрво на 23-ти против Аргентина во Манчестер, а четири дена подоцна ќе играат против Англија во Лондон.