Изненадување: Барселона го договори трансферот на Бразилецот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според тврдењето на англиските и шпанските медиуми, бразилскиот репрезентативец Паулињо е нов играч на Барселона.

Поранешниот играч на Тотенхем, моментално настапува во кинески Гуангжу, а Барселона се обидува да го донесе од почетокот на летото.

Сепак, кинескиот клуб ги одби првите две понуди на Каталонците, па се чинеше дека Барселона се откажа од играчот.

Денес на големо изненадување, медиумите потврдија дека трансферот е договорен и дека Барселона за бразилскиот играч за врска ќе плати 40 милиони евра.

Сега се очекува само официјална потврда, а медумите тврдат дека Паулињо во наредните денови ќе пристигне во Барселона и ќе потпише 4-годишен договор.