Изненадувачко сведочење на Заев за „крвавиот 27 април“: Груевски беше организатор на настаните, не Јанакиески, Вељаноски и Ристовски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со последното сведочење на актуелниот премиер Зоран Заев за собраниските настани од „крвавиот 27 април“, ги изненади и присутните во судот, но и пошироката јавност.

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април а екс функционерите Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атансовски се изманипулирани од нивниот шеф и некоректно е против нив да се води ваков тежок предмет. Со вакво сведочење премиерот Заев ги изненади сите присутни на денешното рочиште за органзaторите на 27-ми април.

„Како упатен и информиран како претседател на најголемото мнозинство не мислам дека овие луѓе се главните организатори. Според мои сознанија тиое се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски и според мене како жртва должен сум да ја зборувам вистината не навлегувајќи во нивните чувства. Не е коректно за правниот систем да се води ваква постапка“ – изјави Заев.

По ваквото сведочење Заев не даде изјава за медиумите. Обвинителката Вилма Русковска не се согласува со премиерот и смета дека ваквата негова изјава дадена во форма на мислење и непоткрепена со ниту еден доказ. Одбраната го оцени како искрено ова сведочење на премиерот очекува повлекување на обивнението

Во првиот предмет за извршителите на 27-ми, Заев сведочеше на предлог на обвинителството, овој пат на предлог на обраната, поради што Русковска прв пат ги слуша овие негови ставови.

Четворицата обивнети како организатори на крвавиот четврток одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок. И Груевски беше мегу осомничените но поради тоа што е во бегство и во истрагата не беше сослушан не се најде меѓу обвинетите.

На денешното рочиште требаше да сведочи и пратнеикот Африм Гаши, но по паузата на Ристовски на влезот од судот му била измерена повисока температура поради што судењето се одложи.