Изненадувачки трансфер: Јувентус купи талент од Северна Кореја (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актуелниот италијански шампион, Јувентус е во напредни преговори за севернокорејскиот напаѓач на Каљари, Кванг-Сон Хан, тврдат медиумите во Италија.

19-годишниот напаѓач моментално настапува во Перужа како позајмен фудбалер и е еден од најдобрите напаѓачи во Серија Б. Има постигнато седум гола и три асистенции, па го привлече вниманието на „старата дама“.

Раководството на „бјанконерите“ е во напредни преговори со Каљари за трансферот на Хан, па трансферот е многу блиску до реализација.

„Тутоспорт“, весник близок до Јувентус, пренесува дека Хан до крајот на сезоната ќе остане во Перужа како позајмен фудбалер, а следното лето ќе му се придружи на „бјанконерите“.