Измислен за ученици: Galaxy J2 Pro – првиот смартфон без интернет конекција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Корејскиот технолошки гигант Samsung, покрај своите технолошки прогресивни и иновативни производи, се грижи и за оние на кои смартфоните и останатата гаџетерија не треба да им го одвлекуваат вниманието од нивната примарна обврска, учењето – учениците и студентите.

За нив, компанијата го лансира „Galaxy J2 Pro“ – првиот паметен телефон кој не може да користи интернет.

Во соопштението за печатот е јасно дека телефонот го блокира мобилното поврзување преку „3G“, „LTE“, па дури и „WLan“. Ова треба да им помогне на учениците да се концентрираат на учењето. Телефонот, исто така, мора да ги задоволи потребите на постарите граѓани, кои, според „Samsung“, често имаат загриженост за нивните лични податоци.

„J2 Pro“ ги изведува основните функции – Со офлајн телефонот, можете да примате и да остварувате повици, да праќате „SMS“ пораки, да фотографирате и да снимате. За таа цел телефонот има 5-инчен „AMOLED“ дисплеј со „qHD“ резолуција, слот за „micro SD“ картичка, задна камера од 8 мегапиксели, како и предна од 5 мегапиксели.

Изненадувачки, „Samsung“ ќе го лансира овој паметен телефон засега само во технолошки напредниот домашен пазар.

„Samsung Galaxy J2 Pro“ ќе чини околу 150 евра и ќе биде достапен во црна и златна боја.