Изминатата ноќ Куманово беше најзагаден град во светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатата ноќ Куманово беше најзагадениот град во светот, кога мерната станица за загадување на воздухот поставена од Министерството за животна средина покажа алармантни 1.851 микрограми ПМ 10 честички на кубен метар измерени во 18 часот.

Во текот на ноќта загадувањето во градот се намали. Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека службите од Општината веднаш излегле на терен и лоцирале дека системот за греење во куманоската болница кој функционира на мазут е изворот на загадувањето, а вредностите се толку високи зошто мерната станица стара 20 години се наоѓа во дворот на здравствената установа.

За да се реши проблемот општината ќе побара болницата итно да се гасифицира.

-Министерството за здравство треба да го смени системот за греење, ветрија дека тоа ќе го направат миниатата година, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Невладините еко организации сметаат дека при вакви алармантни вредности на загаденост министерството за живоитна средина треба да ја информира јавноста, а инспекторите да излезат на терен.

-Министерството треба да излезе на терен и да лоцира кој е изворот на загадувањето, изјави Невена Георгиевска од О„ иницијатива.

-Министерството треба да има и дополнителна опрема за мерачи на прашина или во краен случај да ја дислоцира мермата станица, изјави Ана Чоловиќ Лешовска.

Иако побаравме не добивме одговор од министерството за животна средина за вчерашната состојба со воздухот во Куманово и што ќе превземат. Дополнително од 18 мерни станици 5 сеуште не се во функција, меѓу нив и скопските Лисице и Гази Баба места кои секое зимо се најзагадени.

Министерот за животна средина пак вели дека загаденоста на воздухот не може да се реши краткорочно.

-Ова не е прашање кое може да се реши краткорочно, мора да се работи долгорочно. Сите заедно мора да работиме на тоа бидејќи повеќе фактори придонесуваат за тоа, греењето на домовите, енергетската ефикасност, автомобилите, одговори министерот Насер Нуредини.

Топлото време да одложи грејната сезона, но кога ќе паднат температурите според состојбата на терен граѓаните и оваа година мака ќе мачат да дишат чист воздух.