Home Вебкафе Измерена рекордно ниска температура на северната хемисфера

Измерена рекордно ниска температура на северната хемисфера

Истражувачи при Светската метеоролошка организација (СМО) регистрираа нов рекорд на најниска температура на Земјината северна хемисфера.

Според запис пронајден неодамна, по редовни проверки, на Гренланд на 22 декември 1991 година биле измерени -69,6 Целзиусови степени. Тоа е за два степена пониско од досега познатиот рекорден студ.

Податокот е забележан од автоматска метеоролошка станица Клинк на Гренланд во средината на зимата пред речиси 30 години.

Досегашните познати рекорди од -67,8 Целзиусови степени се забележани во Верхојанск, Русија, во февруари 1892 година и во Ојмјакон, Русија, во јануари 1933 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…