Измените во статутот на УКИМ усвоени од Сенатот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со еден воздржан глас од 60 сенатори, Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го усвои Статутот на Универзитетот сообразен со новиот Закон за високото образование, информира ректорот Никoла Јанкуловски.

„На постапката за негово донесување ѝ претходеа опсежни дискусии од претставниците на факултетите и научните институти, чии забелешки и предлози во најголем дел беа прифатени, па потоа и од страна на Ректорската управа, од 33 присутни Статутот беше прифатен само со еден глас воздржан – вели Јанкуловски.

Како што вчера пишуваше и Факултети мк, се водела жестока расправа за секој поднесен амандман. Ректорот информира дека интегралниот текст, со еден воздржан глас, бил изгласан од 60 сенатори.

Измените во Статутот на УКИМ сега ќе одат во Собранието, каде што исто така постои можност за интервенција. Пред пратениците најверојатно ќе се најде пред почетокот на летните одмори.