Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Грчката електродистрибуција ДЕИ утврди дека повеќе граѓани прават измами со струјата, односно користат електрична енергија по цени наменети за социјални случаи, додека нивните приходи биле повисоки од просечните.
Весникот „Та Неа“ информира дека се работи за измама за многу киловати и оти на компанијата и е нанесена штета од илјадници, „па дури и милиони евра“.
Еден од откриените случаи покажува дека сопственик на вила од 972 метри квадратни во атинската елитна населба Кифисија, потрошил 8.400 киловати струја за четири месеци и оти со години должи 28.000 евра на ДЕИ. Истото лице, се претставило како социјален случај и користел електрична енергија за оваа категорија луѓе, односно поевтина тарифа.
Според весникот, ДЕИ за овие случаи ги информирала даночните власти кои почнале да спроведуваат проверки.