Измама и грабеж на векот: Црногорски автомеханичар украл 1,6 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


24-годишниот подгорички автомеханичар Никола Вујошевиќ е клучна фигура во измамата на векот која одела преку него, а во која од банкарските сметки на компанија „Roaming Montenegro” од Никшиќ беа украдени 1,6 милиони евра.

Вујошевиќ е автомеханичар во еден авто-сервис во Подгорица, а по него полицијата интензивно трга и сè уште не е јасно како можел да спроведе на дело добро смислен план, кој бара познавање не само на работењето на конкретната фирма туку и банковно сметководство, пишува “Vijesti”.

Вујошевиќ на мистериозен начин, без знаење на правниот сопственик на „Roaming Montenegro”, успешниот бизнисмен Далибор Миловиќ, се впишал како извршен директор на фирмата во Централниот регистар на стопански субјекти, и со помагачи од сметката на никшичката фирма во Ерсте банка, врз основа на фалсификувани документи преку 33 трансакции одзел 1.665.793 евра.

Според извор близок до сопственикот Миловиќ, ниту тој, ниту неговиот брат не се знаеле со Вујошевиќ, ниту со некој од организираната група.

Не се знае кој го смислил планот и како е тој изведен, а осомничени се од познаници до роднини на сопственикот, кои би требало да се добро запознаени со работењето на фирмата.
Во криминалната група членуваат лица на возраст од 19 до 56 години.

„Roaming” меѓудругото е застапник за Samsung за Црна Гора, и се занимава и со градешништво.

Неодамна купиле и еден дел од околу 650 метри квадратни од бизнис центар на атрактивна локација, на 30-тина метри од Стариот град Будва.