Изложба: Небото над Крушево полно со змејови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 16.8.2018 година во НЛБ Галерија, беше отворена изложба на фотографии, направени за време на Европското и Светското првенство во змејарство кои се одвиваа во Крушево од 8 до 21 јули 2018 година.

Изложбата ја прогласи за отворена Владимир Бараковски, Претседател на Воздухопловната Федерација нa Македонија, кој им се заблагодари на авторите Билјана Спасковска, Виктор Богданов, Горан Цветкоски, Далибор Лазаревски, Дејан Атанасов, Димитар Михајлов, Драган Лазоски, Илина Атановска, Леонид Ристановски и Марко Цветковиќ, за импресивните фотографии.

Талентираните автори, кои се занимаваат со аматерска фотографија, се вработени на различни позиции во НЛБ Банка, а нивните дела од најдобрите моменти од меѓународните натпреварувања во змејарство и од локалните културно-историски споменици, ќе останат изложени во НЛБ Галерија се до 27.8.2018 година.

Фотографиите ја доловуваат атмосферата од ова лето во Крушево, кога градот беше арена во која што се натпреваруваше светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат беше во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости кои престојуваа во Крушево за време на натпреварите организирани од Воздухопловната Федерација нa Македонија. НЛБ Банка оваа година е горд спонзор на двете првенства, кои Македонија ја ставаат на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање ширум светот.