„Излези од таа проклета соба, те чекаме утре на тренинг“: Порака до Астори која ја расплака Италија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Смртта на 31-годишниот капитен на Фиорентина силно ги потресе сите љубители на фудбалот, а најмногу неговите соиграчи.

Целиот фудбалски свет се опрости од Астори со емотивни пораки, но пораката на неговиот соиграч Рикардо Сапонара ја расплака цела Италија.

„О капитену, мој капитену. Зошто не дојде да појадуваш со нас? Зошто не ги зеде копачките од собата на Марко и не слезе во барот да пиеш сок од портокал како што правиш секогаш? Сега ни велат дека животот оди понатаму и дека мораме да гледаме напред, но каков е вкусот на животот без тебе? Кој ќе доаѓа секое утро прв да не насмее? Со кого ќе зборуваме за новите епизоди на Мастершеф, со кого ќе гледаме натпревари и ќе одиме во ресторан?“.

„Врати се, се уште мораме да го догледаме филмот „Ла Ла Ленд“ и да го анализираме како што правиме за сите филмови. Врати се во Фиренца новиот договор е спремен и те чека да го потпишеш. Излези од таа проклета соба, те чекаме утре на тренинг. Постојат луѓе кои ги познаваш цел живот, а не се врзуваш за нив. И постојат луѓе како Давиде кои веднаш те освојуваат. Каде и да си сега продолжи да го браниш нашиот гол и продолжи да не водиш на вистиснки пат. О капитену, мој капитену. Засекогаш мој капитен“, напиша Сапонара.