Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
Фрчкоска прави пресек на теориите за потеклото, структурата и проникнувањето на бајките во фолклорното творештво преку современието, главно низ психоаналитиките толкувања и родовите перспективи на авторите како Владимир Проп, Жак Лакан, Јулија Кристева, Сандра Ли Бартки, Славој Жижек до современата инструментализацијата на фантазмот на бајката како средство за идеолошко спознавање.
„Бајките се есенција на современието. Тие се негова културолошка кристализација стокмена низ археликовите на принцези, принцови, омразени ќерки и истерани синови, џуџиња змејови или, денеска, нивните современи варијанти.
Како литераризирани идеолошки приказни, преку теми за субјектот кој го препознава своето место во социјалните релации, едуцираат за правилата и општествената улога.
Бајковниот фантазам денес, во контекст на идеолошкото толкување на реалноста, е подложен на неограничени избори и нови трансформации. Во ваков контекст тој сепак ги задржува и двете контроверзни тензии: да еманципира или да конзервира. Неговата употреба лежи во одлуката за тоа кој аспект ќе се презентира во образовниот и медумски сегмент што, секако, е политичка одлука.
Со тоа се потврдува и нагласува важноста на улога на бајката во образовниот процес на децата, интегритетот на нивната личност и вредности кои ги восприемаат.
Текстот поминува низ тие волшебни метаморфози на ликовите и наративите и се обидува да ги долови логиката и опциите на еманципаторските, конзервативните па и експерименталните трансформации”
Книгата може да се купи во книжарниците на Или-или, Литература.мк, Магор, и интернет книжарницата Купикнига.мк.
Книгата е објавена е со поддршка на Министерството за култура.