Излезе од печат „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 11 февруари, по годишнината од смртта на двајцата македонски планинари на Кајмакчалан, ќе се одржи промоција на собраните текстови на починатата Калина Велевска објавувани на порталот „Мис“.

Книгата го носи насловот „Дневникот на една планинарка“, исто како и рубриката во која таа ги пренесуваше своите искуства од планинарските тури во кои учествуваше.

Таа и нејзиниот пријател Александар Миновски исчезнаа во невремето на Кајмакчалан на 10 февруари 2018, за време на планинарска тура. Нивните тела беа извлечени од снегот на 11 февруари.

Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа, која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.

Промоцијата ќе се одржи на 11 февруари од 20 часот, во бифето на МКЦ.