Home Вебкафе Излетан воз ќе го остави со месеци надвор од употреба најдолгиот железнички тунел на светот

Излетан воз ќе го остави со месеци надвор од употреба најдолгиот железнички тунел на светот

Најдолгиот железнички тунел на светот неколку месеци ќе биде затворен за патнички сообраќај поради неодамнешно излетување на воз од шините. Швајцарските власти велат дека засега не можат да кажат кога тунелот Готхард повторно ќе биде отворен.

Шеснаесет вагони излетаа во несреќа на 10 август и оттогаш се заглавени во тунелот.

Отворен во 2016, Готхард се градеше 20 години и чинеше повеќе од 12 милијарди долари.

„Готхард е еден од најбезбедните тунели на светот. Фактот дека се случи ваква несреќа тешко нѐ погоди. За среќа, немаше повредени, но е причинета значителна материјална штета“, изјави директорот на националниот швајцарски железнички оператор СББ, Венсан Дикро.

Од компанијата велат дека ќе биде потребна замена на осум километри пруга и на 20.000 бетонски прагови. Една страна од тунелот не е погодена од несреќата и би можела да се користи за товарен сообраќај од 23 август.

Оваа железничка линија, долга 57 километри, минува низ Алпите и обезбедува брза врска меѓу северна и јужна Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…