Излета возило на патниот правец Битола – Прилеп

сообраќајка

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Портпаролот на Секторот за внатрешни работи Битола, Лефтерија Миленковска, изјави дека вечерва возило со скопски регистарски таблици излета на патниот правец Битола-Прилеп.

Во сообраќајната несреќа која се случила во близина на селото Лознани нема повредени, но од битолската полиција предупредуваат на внимателност во движењето поради засилените врнежи на дожд кои го отежнуваат сообраќајот.

На истиот патен правец интензивните врнежи од дожд предизвикаа и одрон на камења и земјиште. Екипите на Македонија пат веќе работат на негово остранување.